Михајловиќ за осум дена на клупата на Спортинг ќе си земе три милиони евра

фото: twitter/gazzetta.it

Според португалскиот „Рекорд“, Судот за спортска арбитража одлучи во корист на Синиша Михајловиќ кој ќе добие три милиони евра од Спортинг Лисабон.

Во јуни 2018 година, Михајловиќ беше именуван за тренер на португалскиот тим, но во меѓувреме се смени клупската управа и новото раководство го поништи договорот со српскиот тренер.

Михајловиќ мина само осум дена на клупата на Спортинг, по што одлучи да го тужи клубот барајќи ги сите 12 милиони евра кои требаше да му припаднат за тригодишната соработка. Сепак, судот во Лозана одлучи да му се исплатат само три милиони евра на сегашниот тренер на Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот