Михајловиќ: Правилото за офсајд мора да се менува!

твитер

Тренерот на Болоња повика на промена на правилото за офсајд, потенцирајќи дека нема смисла да се поништуваат головите, бидејќи нечиј нос останал во недозволена позиција.

На прес-конференцијата пред гостувањето на неговата екипа во Милано, Синиша Михајловиќ ја истакна потребата фудбалските експерти да го разгледаат правилото во офсајд, и покрај прифаќањето дека „треба да се прилагодиме“ на ВАР.

Мислам дека ни треба многу поголема толеранција, едноставно нема смисла да се поништат головите затоа што нечиј нос останал во офсајд, или нечие рамо, навистина е премногу, иако правилата се јасни.

Мислам тоа мора да се промени. Треба да најдеме подобар начин. ВАР е прецизен, сигнализира дури и милиметар. Понекогаш тоа ви помага, понекогаш не, но мора да се прилагодиме. Се надевам дека нешто ќе се промени во иднина – рече српскиот стратег.

Натпреварот од 34 коло во Серија А меѓу Милан и Болоња ќе се одигра денеска од 21.45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот