Михајловиќ по леукемијата го победи и коронавирусот: По се што поминав ова беше како да пијам вода

Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ успешно се опорави од коронавирусот, откри дека не чувствувал симптоми.

Тренерот на Болоња на 23. август по враќањето од одмор дозна дека е заразен со коронавирус иако не чувствувал никакви симптоми. Во меѓувреме направи два теста кои беа негативни и веќе се приклучи на тренинзите на Болоња за наредната сезона.

– По се што поминав од јули до јануари, по шестмесечната борба против леукемијата, три пати бев хоспитализиран, хемотерапиите и трансплантацијата на коскената срж, коронавирусот за мене беше како да пијам чаша вода – вели Михајловиќ.

Немав симптоми и не приметив ништо, но тоа не значи дека болеста не постои. Не сум од оние луѓе кои велат дека вирусот не постои и дека тоа е само настинка, бројот на хоспитализирани и умрени лица доволно зборува дека вирусот е опасен. Сега сум во добра форма, секој ден џогирам, тренирам, живеам нормално.

Михајловиќ претходно изјави дека мисли оти неговите ќерки го заразиле со коронавирус по што целото семејство стана мета на критики.

– Добро е што не користам социјални мрежи, но сево ова му наштети на моето семејство. Како и секоја година, и ова лето заминав на одмор на Сардинија, таму имам свој дом. На островот немаше заразени лица, а јас ги презедов сите неопходни мерки за заштита, постојано носев маска. Тоа што се случува понатаму беше лажен морал – додава Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот