Михајловиќ ќе „лапне“ три милиони евра од Спортинг Лисабон

twitter.com/MarkovicNeb

Тренерот на Болоља, Синиша Михајловиќ и кога фудбалот е суспендиран, заработува милиони.

Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС) донесе одлука во негова корист во спорот со Спортинг Лисабон кој мора да му исплати исплати три милиони евра на српскиот тренер до крајот на април за раскинот на договорот за соработка по само девет месеци во 2018 година.

Во периодот меѓу потпишување на договорот на Михајловиќ со клубот, во Спортинг се одржаа избори што резултираа со смена на претседател, а новиот прв човек на тимот од Лисабон дека Србинот нема да биде тренер на првата екипа.

Михајловиќ се обиде, но не успеа да се договори со новото раководство, па заштита на своите права мораше да побара пред ЦАС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот