Михајлова: Се влошува здравствената состојба на Навални

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Олга Михајлова, адвокатка на рускиот опозиционер Алексеј Навални, тврди дека неговата здравствена состојба е влошена, откако е префрлен во казнената колонија Покров.

Таа тврди дека Навални има силни болки во грбот и се жали на болки во ногата. Според неа тој бил прегледан од неуролог, кој му препишал ибупрофен.

Михајлова истакна дека таа не можела да го види својот клиент, кој се наоѓа во казнената колонија во Покров, околу сто километри источно од Москва, која е една од најтешките во Русија.

Навални издржува две и пол годишна затворска казна. Тој беше уапсен во јануари, откако се врати од Германија, каде се лекуваше од труење со нервниот гас Новичок. Навални во февруари од затворот во Москва е префрлен во Покров, Владимирска Област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот