Михаилоски во Куманово: Младите заслужуваат политики и мерки кои ќе им обезбедат поквалитетен живот

Фото: СДСМ

Вечерва во рамките на теренските активности „Најдоброто за нашата општина“, претседателот на СДММ, Марко Михаилоски придружуван од претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски остварија маалска средба со граѓаните на Куманово.

Михаилоски пред присутните се осврна на политиките кои ги таргетираат токму младите.

– Го зајакнуваме студентскиот стандард и условите за живот преку реновирање на студентските домови, но и преку последната мерка субвенциониран студентски оброк со кој 15 милиони евра ќе завршат кај 40 000 редовни студенти, донесовме и закон за младинско учество и младински политики, со кој се креираат и обезбедуваат механизми за младите да влијаат во донесувањето одлуки и се гарантира нивното учество во креирањето политики и токму преку тој закон ќе се отворат младински центри во сите општини, а првиот веќе е отворен тука во Куманово, изјави тој.

Во однос на локалните проекти кои се реализирани во Куманово, а придонесуваат поквалитетен спортски активизам на младите од Куманово, Михаилоски ги одвои проектите како што се спортските објекти Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето, при што веќе е целосно реконструирано и ставено во употреба игралиштето во Соколана, а обезбедени се средства и за реконструкција на ентериерот и екстериерот на зградата на Соколана. Предвидени се средства и во наредниот период ќе бидат реконструирани и останатите спортски објекти, со што спортот и здравиот начин на живот повторно ќе дел од животот на кумановци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот