Михаел Шумахер за првпат се појавил во јавност по несреќата во 2013 година?

Фото: EPA/ERCOLE COLOMBO

Во саботата во Мајорка одржана е церемонија на која се венчаше ќерката на Михаел Шумахер, Џина со нејзиниот долгогодишен партнер, Јан Бек. Според одредени медиуми на венчавката присуствувал и Михаел кој повеќе од десет години е далеку од очите на јавноста.

Како што објави „Дејли мејл“ гламурозниот настан бил под строги мерки на приватност и гостите морале своите телефони да ги остават пред влезот на вилата. Целта била да се сочува интимата на семејството.

Но, најмногу внимание привлекоа гласините за кои пишуваше и германскиот „Билд“, а кои говорат дека на венчавката присуствувал и самиот Михаел Шумахер.

„Дали Михаел навистина присуствувал на венчавката во саботата? Можно е. Дури и многу веројатно. Меѓутоа, ако присуствувал не седел заедно со сите гости во дворот, туку во просторија каде што пристап имале само членовите од најтесното семејство“, изјави „Билд“.

Како што е познато, Шумахер во 2013 година доживеа тешка несреќа на скијањето на француските Алпи и од тој момент неговото семејство не открива детали за неговата состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот