Миха: Ибрахимовиќ повеќе ќе се забавуваше во Болоња!

фото:твитер

Српскиот стратег не жали поради одлуката што ја донесе Ибрахимовиќ да се пресели во Милан, само ќе мора да го победи на теренот.

Швеѓанецот беше слободен играч откако му истече договорот со Лос Анџелес Галакси, а неодамна потпиша договор со Милан.

Неколку клубови беа во трката за потписот на Златан Ибрахимовиќ кој рече дека би направил трансфер во Болоња само поради тренерот на оваа екипа, Синиша Михајловиќ.

– Разочаран сум, бидејќи мислам дека повеќе ќе се забавуваше во Болоња. Ќе беше добро за него, за градот и клубот. Не жалам, бидејќи рече дека Болоња би ја избрал само поради мене. Разбирам дека се вклучени и други фактори, како што се семејните обврски. Ибра ми се јави пред да ја донесе одлуката, го одржа зборот и останува добар пријател. Тоа само значи дека ќе морам да го победам на теренот – вели Миха за „Газета дело Спорт“.

Болоња моментно е пред Милан на табелата во Серија А со 22 бодови, еден повеќе од „росонерите“ на 11. место.

Српскиот стратег го водеше Милан од клупата во периодот од 2015-2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот