МИГРАНТСКАТА КРИЗА ИМ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ: Граничната полиција на Босна не може да ги заштити своите граници

Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Директорот на Граничната полиција на Босна, Зоран Галиниќ, предупредува дека таа служба не може сама да ги штити границите на БиХ и дека и недостасуваат околу 1.000 службеници за успешно да се носи со мигрантската криза, пренесува Дневни аваз.

Галиќ во интервју за Аваз истакнал дека и покрај тоа, тие во соработка со други полициски агенции успеале да спречат влез на повеќе од 7.000 нелегални мигранти.

Според неговите зборови, во решавање на мигрантската криза во БиХ, потребно е поактивно да се вклучат не само домашни, туку и меѓународни надлежни институции и агенции, од кои се очекува и материјална и финансиска помош.

Галиќ потенцирал и дека Граничната полиција на Босна има 2.051 службеник, додека соседна Хрватска има околу 6.000 гранични полицајци, истакнувајќи со тоа дека земјите на ЕУ имаат далеку подобра и поквалитетна опрема од онаа која се користи во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот