Мигрантите ги скараа Франција и Велика Британија

Мигранти Франција Британија Кале
Мигранти / Фото: EPA/YOAN VALAT

 Портпаролот на француската влада Габриел Атал денеска изјави дека францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен ја информирал својата британска колешка Прити Прател дека „повеќе не е добредојдена” на неделниот состанок во Франција за прашањето на илегалните мигранти, јави Би-Би-Си.

Откажувањето уследи по писмото од британскиот премиер Борис Џонсон до францускиот претседател Емануел Макрон, во кое се критикува Франција за нејзиното справување со илегалната миграција и трговијата со луѓе.

Во ескалацијата на политичката криза по смртта на 27 лица во Ла Манш Каналот, Жералд Дарманин рече дека Франција е разочарана од писмото.

– Со изнесувањето во јавност, работите станаа уште полоши. Јавното писмо на британскиот премиер го сметаме за неприфатливо и спротивно на нашите разговори меѓу партнерите. Како резултат на тоа, Прити Пател повеќе не е добредојдена, рече Дарманен.

Џонсон постави пет чекори во своето писмо до претседателот Емануел Макрон за да избегне повторување на трагедијата од средата. Меѓу предложените мерки е и активирање на заеднички патроли за да се спречи поголем број бродови да го напуштат францускиот брег, како и примена на најнапредната технологија, како сензори и радари. 

Се предлагаат и заеднички поморски патроли во меѓусебните територијални води и воздушно набљудување, како и поголема соработка меѓу заедничките разузнавачки служби. Тој предложи и преговори за постигнување договор за враќање на бегалците меѓу Обединетото Кралство и ЕУ.

 

„Договор со Франција за прием на мигранти кои го минуваат каналот на оваа опасна рута ќе има автоматско и значително влијание”, наведе Џонсон во писмото.

Завчера најмалку 27 луѓе се удавија во каналот Ламанш во обид од Франција да стигнат во Велика Британија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот