Мигранти скокнале во море во обид да допливаат до Италија (ВИДЕО)

epa08641699 The transshipment of 353 migrants from Sea Watch 4 on the quarantine ship GNV Allegra off the port of Palermo, Italy, 02 September 2020. EPA-EFE/Igor Petyx

Околу 70 мигранти денеска скокнале во морето од шпанскиот спасувачки брод „Раширени раце”, во обид да допливаат до блиското италијанско пристаниште Палермо.

Мигрантите кои скокнале во морето се дел од група од околу 270 мигранти кои ги пронашла италијанската крајбрежна стража и полицијата.

Мигрантите биле поделени во три спасувачки бродови помеѓу 8 и 10 септември, а екипажот сè уште чека инструкции каде би можеле да бидат распоредени.

Италијанската крајбрежна стража префрлила две трудници и сопругот на една од нив на копното со цел да им обезбеди медицинска заштита.

За време на пандемијата на коронавирусот, италијанските власти забранија спасувачките бродови да застануваат во италијанските пристаништа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот