Мигранти почнаа штрајк со глад во грчки мигрантски камп поради „нечовечко насилство“

Штрајк со глад започна во грчкиот притвор поради наводи за дехуманизирачко постапување и неконтролирано полициско насилство, пишува „Еуроњуз“. Најмалку 11 луѓе одбиваат да јадат во Центарот за предотстранување Паранести, широк камп во северна Грција во кој се сместени мигрантите фатени без соодветна документација.
Во соопштението, штрајкувачите ги обвинија властите дека на притворениците не им даваат соодветна храна, топла вода, лекови и ги сместуваат во нечисти ќелии преполни со бубашваби, додека не ја објаснуваат причината за нивното затворање.
Тие, исто така, тврдат дека службениците ги принудиле да потпишуваат документи на грчки јазик, без превод, и дека се тепани ако одбијат да го сторат тоа.
„Сè повеќе сме загрижени за безбедноста на оние кои беа принудени да преземат такви драстични акции за да побараат пристап до нивните права. Со години Паранешти е познат по епизодите на екстремно насилство и несоодветните услови за живот“, рече Хоуп Баркер, виш политички аналитичар за Мрежата за следење на граничното насилство (БВМН), невладина организација која документира кршење на човековите права на европските граници.
Solidarity with the 11 hunger strikers protesting the appalling conditions and systemic violence in #Paranesti PRDC #Παρανέστι #Δράμα
Latest @Border_Violence report tells more about what happens inside ⬇️https://t.co/JyCDD07yfN
Decriminalise. Defund. Decarcerate. https://t.co/CdjvPTv807
— hope (@hopeameliee) March 21, 2023
„Неодамнешните настани се само ескалација на шокантната реалност со која се соочуваат луѓето во грчките притворни центри“, додаде таа.
Паранести, со официјален капацитет од околу 300 луѓе, е еден од неколкуте мигрантски центри распространети низ Грција.
Особено по европската миграциска криза во 2015 година, тој се користи за задржување на мигранти кои се сметаат за нелегални на подолг временски период, иако некои, наводно, се депортирани во Турција или други трети земји.