Мигранти насилно влегоа од Гватемала во Мексико на пат кон САД

Мексиканските власти денеска соопштија дека околу 350 имигранти ја обиле бравата на капијата на границата со Гватемала и насилно влегле во јужниот дел на Мексико за да се приклучат на поголема група мигранти, кои се обидуваат да стигнат до САД.

Националниот институт за имиграција не ја идентификуваше националноста на мигрантите, но, повеќето се од Централна Америка.

Сличен судир се случи и на истиот граничен мост меѓу Мексико и Гватемала минатата година.

Институтот соопшти дека мигрантите постапувале „непријателски” и „агресивно” и ги обвини дека ја нападнале локалната полиција во Метапа, мексиканско село, кое лежи меѓу границата и градот Тапачула.

Околу 350 луѓе минале покрај полицијата, која го чувала мостот и се придружиле на поголема група од околу 2.000 имигранти, кои се упатиле кон градот Тапачула во Мексико

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот