Мигранти ја блокираа железничката станица во Атина, бараат отворање на грчко-македонската граница (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиРегион

Мигранти ја блокираа железничката станица во Атина, бараат отворање на грчко-македонската граница (ВИДЕО)

Некои од мигрантите поставија и шатори на шините.

Железничкиот сообраќај меѓу Атина и Солун денеска беше прекинат поради протестите на околу 200 баратели на азил, кои ги блокираа шините на главната железничка станица во Атина со барање да се отвори грчко-македонската граница.

Некои од мигрантите поставија и шатори на шините. Протестираат против , како што велат , бавната процедура за добивање азил во Грција и лошите услови за живот во камповите низ земјата.

Полицијата се обиде да ги убеди демонстрантите да ги ослободат шините.

 

До блокада дојде откако вчера избувна кавга меѓу барателите на азил во кампот Диавата на северот на Грција, на околу 100 километри од железничкиот граничен премин Идомени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close