Мигранти избегаа од кампот во близина на Велика Кладуша, каде има најмногу позитивни на ковид-19

Мигранти / Фото: mia.mk

55 мигранти избегаа од карантинот на кампот „Мирал“ во Велика Кладуша и ја прескокнаа оградата, а никој не се ни обиде да ги запре, изјави денес министерката за здравство на Унско-санскиот кантон (УСК), Нермина Ќемаловиќ.

Според податоците на Институтот за јавно здравје на тој кантон, повеќето заразени мигранти се наоѓаат во кампот „Мирал“, каде има околу 150, а 80 изолирани.

Во кампот „Бориши“ беа заразени 45 мигранти и 12 работници од кампот, кампот „Седра“ има 11 позитивни, додека се чекаат резултатите од тестирањето на примероци од 152 вработени, објави регионалната телевизија Н1.

Епидемиолошката состојба е поповолна во прифатниот камп „Уживак“, во близина на Сараево, каде што од почетокот на пандемијата, бројот на позитивни на коронавирусот не беше ни двоцифрен. Во тој камп сега има 700 мигранти.

Заменик директорот на Службата за надворешни работи, Мирсад Бузар, изјави дека има 4,300 мигранти во шест прифатни центри во БиХ.

Тие се „и во напуштени и уништени згради, куќи и фабрики или се селат од град во град. Според последните информации бројот на таквите мигранти се движи од 1.500 на 1.700. Вкупниот број мигранти во БиХ е 6.000“, рече Бузар.

Извор:Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот