Мигрант во Лезбос бил избоден до смрт, полицијата уапсила едно лице

полиција грција / фото архива

Грчката полиција уапсила едно лице и идентификувала друго, кои заедно со трето, засега непознато лице стојат зад убиството на 21-годишно момче во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми од островот, инцидентот се случил во текот на ноќта, кога тројцата, од кои двајца на 18 и 19-годишна возраст до смрт го избоделе 21-годишниот.

Причините за убиството засега се непознати, а според истите информации и сторителите и убиениот се од Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот