Мигрант од Пакистан починал во затвор во Словенија: Властите тврдат дека се работи за природна смрт – Слободен печат
ВестиРегион

Мигрант од Пакистан починал во затвор во Словенија: Властите тврдат дека се работи за природна смрт

Пакистанецот бил приведен во петокот и тогаш го прегледал доктор, соопштила Словенечката затворска управа, а починал во 4.00 часот.

Државјанин на Пакистан, кој бил за затвор во Словенија под сомнение дека нелегално ја преминал границата, починал рано утринава, а властите велат дека умрел од природна смрт.

Пакистанецот бил приведен во петокот и тогаш го прегледал доктор, соопштила Словенечката затворска управа, пренесуваат локалните медиуми, а починал во 4.00 часот и покрај обидите на затворските службеници и медицинските работници да го реанимираат.

Затворската администрација одредила посебна комисија за утврдување на сите околности за неговата смрт, вклучувајќи и одговор од затворот, што е вообичаена постапка која се презема во случај на смрт на затвореник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close