Мигрант од Африка киднапирал бебе за да му дозволат да остане во Германија

Германска полиција / Фото: Архива

Мигрант од Гана киднапирал бебе во германскиот град Висмар, во локалната канцеларија за странци, извести локалната полиција, а пренесе „Спутник“.

Според најновите информации, бебето најверојатно го киднапирал таткото, за да ја искористи како средство за притисок врз власта за да може да остане во Германија.

Мажот најверојатно е не e вооружен.

Германија се соочува со голем наплив на мигранти и баратели на азил од Блискиот Исток, но и од Африка, од моменто кога канцеларката Ангела Меркел најави политика на „отворени врати“ во 2015 година. Дел од политичарите и активистите сметаа дека поради оваа политика дошло до зголемување на криминалот во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот