Миграциски желби на медицински персонал: Албанија сакаат да ја напуштат 87 отсто од лекарите

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Анкета во Албанија покажува дека 87 отсто од лекарите сакаат да ја напуштат земјата поради условите за работа и ниските плати, и да заминат, главно во Германија.

– Дури 78 отсто од лекарите кои беа опфатени во една студија рекоа дека сакаат да ја напуштат Албанија и да работат во земјите на Европската Унија, претпочитајќи ја Германија. Само во последните пет години во Германија заминале 875 лекари по општа пракса и специјалисти, вели Мараш Логу, познат активист од граѓанското општество.

Во меѓувреме, специјализантите по медицина од отворената квота од владата бараат да им обезбеди средства за специјализација, бидејќи „тешко им е да преживеат, а не и да ја плаќаат специјализацијата”.

Алесиа Мехмети, специјализант по кардиохирургија за телевизија „Ора њуз“ вели дека е принудена да работи поради неможноста да ги покрие трошоците.

– Специјалист кој е во бесплатна квота не плаќа ништо во Универзитетскиот клинички центар, а ние сме должни сами да ги плаќаме сите трошоци за живот, вклучително и школарината. Морам да работам во приватна болница за да ги покријам трошоците, додава Алесиа.

На студент по медицина му требаат околу 11 години за факултет и специјализација, за што му се потребни 6.225.000 милиони леки.

Ако се има предвид нивото на плати во Албанија, лекарот мора да работи од 7,1 до 8,6 години за да ги врати сите инвестиции во текот на годините на образование.

Според Федерацијата на албански лекари, во периодот од 2010 до 2020 земјата ја напуштиле 4.000 лекари од општа пракса, но и специјалисти во одредена медицинска гранка. Многу поголема е бројката на медицински техничари кои ја напуштиле Албанија.

Според Елсон Јачај, претседател на друштвото на медицински техничари во Албанија, само во перодот 2017-2020 година земјата ја напуштиле околу 9.000 лица-средномедицински кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот