Мицотакис: Земјите членки на ЕУ не беа чесни во врска во малолетните мигранти

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека земјите членки на ЕУ не одговориле на барањето да преземат 3.000 малолетни мигранти без придружба кои моментално живеат во прифатни центри и други објекти во Грција.

Тој во Парламентот рече дека немало одговор на барањето на неговата Влада, додавајќи дека земјите партнери „не биле чесни во овој случај”.

Мицотакис го претстави планот на неговата конзервативна Влада за надградба на системот за давање азил и прием на мигранти во Грција, со кој се предвидува околу 20.000 мигранти до крајот на годината да бидат префрлени од грчките острови на копно, и формирање центри за притвор за да се забрза нивната депортација назад во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот