Мицотакис: Воскресението ќе го осветлува нашиот пат сè додека животот не се врати во нормалниот ритам

Фото: МИА

Светлината на Воскресението ќе го осветлува нашиот пат сè додека животот, чекор по чекор, не се врати во нормалниот ритам. Дотогаш, да не го ставиме во опасност она што нѐ направи пример за целиот свет, рече грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во неговата честитка до граѓаните по повод Велигден, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис се осврна на фактот дека оваа година големиот Христијански празник е поразличен, граѓаните го слават дома, почитувајќи го препораките од експертите, и со дисциплинирано ги следат правилата, односно „агонијата станува битка, а привремените ограничувања стануваат светли дестинации”.

-Прославуваме поинаков Велигден. Под истото пролетно сонце, но без црквите, без нашите пријатели и без нашите традиционални обичаи. Оваа година, Страсната седмица траеше повеќе од 50 дена. Но, Воскресението веќе го осветлува патот до радосен излез од бурата на пандемијата. Со дисциплина и солидарност ги спречивме првите бранови. Го заштитивме јавното здравје. И, останувајќи на истиот пат, наскоро ќе започнеме со постепено преминување во нова ера, во која многу работи ќе бидат сменети, порача грчкиот Премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот