Мицотакис во дилема за мерка против ковид-19: Самозаштита или карантин

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Дилемата самозаштита или карантин ја постави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата нова телевизиска порака до граѓаните во која говореше за ситуацијата со коронавиусот во Грција, за потребата од почитување на мерките, ставајќи акцент на употребата на маска, за индивидуалната одговорност, но не не соопшти дополнителни рестриктивни мерки.

– Ќе кажам отворено. Дилемата е самозаштита или карантин. И знаејќи ги последиците од вторто, должни сме да го избереме првото. Без многу зборови, но со малку постапки, проверени и ефективни: дистанца, лична хигиена, а особено маска, додека да се најде лек и вакцина. Секако, би се осмелил да кажам дека маската е вакцина, додека да дојде вакцината, порача Мицотакис.

Објасни дека во справувањето со новиот бран на пандемијата „потребна е уште потесна соработка со уште поголема меѓусебна доверба на државата, на научниците и на граѓаните” и додаде дека земјата е поподготвена од претходно, бидејќи познато е кои мерки носат резултат, но истакна дека дури и најефективната мерка „зависи од доследото спроведување”.

– Или повторно заедно ќе успееме или заедно ќе ја загубиме шансата, истакна грчкиот премиер.

Додаде дека наредните недели ќе бидат одлучувачки за наредните месеци, а можеби и години.

– Поминавме седум тешки месеци. Владата истовремено се бори на многу фронтови: националните прашања, мигрантското прашање, економијата, но и природните катастрофи. Но, особено во војната за здравјето, како никаде на друго место, свесниот граѓанин ни е потребен за сојузник, рече грчкиот премиер.

Во речиси десет минутната порака до граѓаните, Мицотакис говореше и за здравствениот систем. Притоа истакна дека е зголемен бројот на кревети на Одделенијата за интензивна нега од 557 на речиси 1.000, вработени се околу 6.200 нови болничари и лекари, зголемен е дневниот број на тестови и сл.

Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаја на ковид-19, а починаа девет лица. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 16.627 заболени од коронавирусот, а починаа 366 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот