Мицотакис: Турција продолжува да провоцира околу Кипар

Грчкиот премиер, Мицотакис изјавил дека Турција продолжува да провоцира во својот пристап спрема етнички поделениот Кипар и дека Анкара е меѓународно изолирана.

Кирјакос Мицотакис го изјавил тоа за време на состанокот со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, пренесува АП.

Посетата на Анастасиадис доаѓа ден откако обидите да започнат преговори за повторно обединување на островот наишле на препреки, кога турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рекол дека кипарските Грци мораат да се согласат на тоа дека кипарските Турци ќе имаат паритет во одлучувањето за управување со државата пред разговорите да продолжат, навела агенцијата.

Тој, исто така рекол дека ќе продолжи турската експлоатација на природен гас во водите во кои меѓународно признатата влада на Кипар има ексклузивни права, додека кипарските Грци го одбиваат предлогот да работат на заедничко истражување со кипарските Турци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот