Мицотакис со порака до Анкара: Ниту една провокација нема да остане неодговорена

На распоредувањето на турската флота, Грција одговорила со својата флота, но и „поставувајќи ги во готовност вооружените сили”.

Нашата татковина не се заканува, но и не се уценува, токму затоа и не потпаѓа под закани и уцени. Но, ниту пак толерира провокативни активности, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до граѓаните во однос на последните случувања во односите со Турција и додаде дека „ниту една провокација нема да остане неодговорена”, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека Грција е подговена за дијалог и не се плаши дури ни од најтешкиот дијалог, но не прифаќа „дијалог со провокации и во тензична клима”.

Тој во пораката до граѓаните наведе дека „милитаризирањето од страна на Турција претставува признавање на непостоењето на силни правни позиции” и додава дека на распоредувањето на турската флота, Грција одговорила со својата флота, но и „поставувајќи ги во готовност вооружените сили”.

– Сите нека знаат: Опасноста од несреќа демне кога толку воени сили се концентрирани на ограничен простор, а одговорноста во таков случај ќе ја има оној кој ги предизвикува овие околности, посочи грчкиот премиер.

Тој се осврна и на дипломатските активности на земјата, односно како што рече, ги информираат пријателските земји и меѓународната јавност и Грција не е сама во напорите, а како пример го спомена вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ

– Одново истакнувам. Одговараме, не провоцираме. И со сериозност се надеваме, конечно да надвладее логиката кај нашата соседна земја за да може да се започне добронамерен дијалог. Базиран на меѓународното право и меѓусебно почитување за спорот што е предмет на дискусија, порача Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот