Мицотакис со оценка: Контактите со Турција се охрабрувачки и во правилна насока

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција се охрабрувачки и во правилна насока, преферираме да ѝ дадеме шанса на дипломатија за да најдеме взаемно прифатливо решение, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за француски „Фигаро”.

Говорејќи за односите со Турција, Мицотакис вели дека постојат два патишта, едниот на дијалог и дипломатија врз база на меѓународното право, а вториот на ескалација и тензии, кој „неизбежно ќе доведе до мерки од Европа за Турција”.

– Грција, како и ЕУ, посакува подобрување на односите со Турција, но правилата се тука за да ги почитуваме. За време на последниот Самит на ЕУ, се разгледуваа клучни прашања за односите со Турција, како што се царинската унија и управувањето со миграциските бранови. И беше јасно ставено на знаење дека ако продолжи со еднострано и агресивни дејствија, ќе се соочи со последици, вели Мицотакис, кој не исклучи можност за средба со турскиот претседател, иако во овој момент не е планирано такво нешто.

Во однос на завчерашната одлука на атинскиот суд за „Златна зора“, грчкиот премиер коментира дека тоа е „вистинска победа за демократијата” и се затвора „една мрачна епизода во јавниот живот на земјата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот