Мицотакис: Се воведува полициски час во Атина и Солун

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави воведување полицискиот час од 00:30 до 05:00 часот наутро во регионите најсилно погодени од новиот коронавирус како и носење маски на отворено.

Во телевизиско обраќање Мицотакис рече дека тоа се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта, области каде нивото на ризик е означено со три (зголемен мониторинг) и четири (висок ризик).

Освен забраната за движење во текот на ноќта, новите мерки предвидуваат и носење на маски и во затворен и на отворен простор. Тоа ќе биде задолжително и во рестораните, освен за оние кои седат.

Целта на оваа мерка, која тој ја нарече „лек пред вакцина“ е наменета да се намалат собирите. Од неа се изземени оние кои работат ноќна смена и итните ситуации.

„Целта е да се ограничат движењето и собирите во ноќните часови. Младите имаат одговорност да помогнат да се запре ширењето и сега не е време за тајни забави“, изјави Мицотакис.

Новите мерки стапуваат на сила в сабота.

Грчките здравствени власти вчера регистрираа 882 нови случаи на заразени и 15 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот