Мицотакис се сретна со Борисов во Солун

Европската перспектива на Западен Балкан беше една од темите за кои разговарале премиерите на Грција и Бугарија на нивната денешна средба на маргините на Самитот во Солун, а Кирјакос Мицотакис на Бојко Борисов му рекол дека е подготвен да преземе соодветни иницијативи за европската иднина на земјите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, на средбата станало збор и за неодамнешните заклучоци од Европскиот совет на 17 и 18 октомври.

-Премиерот ја потврди долгогодишната позиција на Грција за поддршка на европската иднина на Западен Балкан, што ќе придонесе за обезбедување мир, стабилност и просперитет во поширокиот регион. Мицотакис рече дека е подготвен да преземе соодветни иницијативи во оваа насока, потенцирајќи паралелно дека грчката поддршка за пристапниот процес на Балканот е неразделно поврзан со почитувањето на строгата условеност и со принципот на сопствените постигнувања на кандидатите, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис.

Грчкиот и бугарскиот премиер разговарале и за бегалското/мигрантското прашање, за билатералната соработка, а било одлучено Високиот совет на соработка меѓу двете земји да се одржи во Кавала во февруари следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот