Мицотакис повика на воздржаност: Заслепениот гнев не води никаде

epa08874345 Greece's Prime Minister Kyriakos Mitsotakis attends a two days face-to-face EU summit in Brussels, Belgium, 10 December 2020. The EU Leaders will mainly focus on response to the COVID-19, Multi annual framework (MFF) agreement and new EU emissions reduction target for 2030. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повика на „воздржаност и смиреност“ по насилните судири меѓу полицијата и демонстрантите кои избувнаа за време на протестот во предградијата на Атина против полициското насилство.

„Заслепениот гнев не води никаде“, рече Мицотакис во видео порака на Твитер.

Тој додаде дека „тажните слики на насилство“ видени за време на протестите во Атина мора да бидат последните на кои би биле сведоци грчките граѓани.

„И животот на еден наш сограѓанин, млад полицаец кој беше во опасност, треба да не разбуди“, рече Мицотакис.

Демонстрантите излегоа на улиците откако беше објавено видео на социјалните мрежи, на кое наводно се гледа како полицијата се заканува на маж во неделата, пренесува грчки „Катимерини“.

ВИДЕО I Немирно во атинската населба Неа Смирни: Демонстранти се судрија со полицијата, повреден полицаец

Четворица грчки полицајци беа повредени, од кои еден сериозно во судири со демонстрантите во атинската населба Неа Смирна во вторникот, а по тој повод беа уапсени десет лица.

Според државната телевизија ЕРТ, напаѓачите со качулка фрлале молотови коктели кон полицијата, која одговорила со солзавец.

Тој додаде дека „тажните слики на насилство“ видени за време на протестите во Атина мора да бидат последните на кои би биле сведоци грчките граѓани.

„И животот на еден наш сограѓанин, млад полицаец кој беше во опасност, треба да не разбуди“, рече Мицотакис.

Демонстрантите излегоа на улиците откако беше објавено видео на социјалните мрежи, на кое наводно се гледа како полицијата се заканува на маж во неделата, пренесува грчки „Катимерини“.

ВИДЕО I Полициско насилство во Атина: Повредени двајца полицајци и приведени 11 лица

Четворица грчки полицајци беа повредени, од кои еден сериозно во судири со демонстрантите во атинската населба Неа Смирна во вторникот, а по тој повод беа уапсени десет лица.

Според државната телевизија ЕРТ, напаѓачите маскирани со качулки фрлале молотови коктели кон полицијата, која одговорила со солзавец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот