Мицотакис, Мишел, Сасоли и Фон дер Лајен утре во посета на Еврос

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, утре ќе ја посетат грчко –турската граница кај Еврос, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Утрешната посета на Еврос ја најави Мицотакис доцна синоќа на официјалниот „Твитер” профил.

-Границите на Грција се надворешни граници на Европа. Ќе ги заштитиме. Ќе го посетам Еврос, копнената граница со Турција со Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет. Уште еднаш, не се обидувајте да влезете нелегално во Грција, ќе бидете вратени назад- напиша грчкиот премиер на „Твитер”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот