Мицотакис – Мишел: Европски одговор за мигрантското прашање

epa08670230 Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis (R) delivers his speech next to European Council President Charles Michel (L) during their meeting in Athens, Greece, 15 September 2020. Mitsotakis said in joint statements on 15 September that Greece will continue to strictly protect its borders in Evros river and at sea. EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Ситуацијата на Лезбос со бегалците и мигрантите и ситуацијата во Источниот Медитеран и односите ЕУ – Турција, во пресрет на Самитот на унијата за десет дена, беа темите на кои се осврнаа претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на прес конференцијата по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Мишел од Атина заминува за Лезбос, каде што, како што рече, ќе има можност со свои очи да ја види ситуацијата. Порача дека е потребен европски одговор за мигрантското прашање.

-Мигрантското прашање е предизвик за ЕУ, не е предизвик само за некои земји –членки. Ќе треба да заедно да видиме какви одговори можеме да дадеме, на европско ниво, рече Мишел и додаде дека потребен е одговор и за борбата со нелегалната миграција, но и за политиката на враќања.

Мицотакис истакна дека она што се случува на Лезбос покажува колку е „сложен и долгогодишен проблемот”, додека пак за миграциското прашање рече дека Грција крева „неподнослив товар од заедничкиот проблем”.

– Време е, европската поддршка да премине од зборови во дела, со други зборови, да се преточи во опиплива солидарност. За да можеме конечно да успееме, онаму, каде што мислам дека имавме храброст како Европа да признаеме дека во минатото, не успеавме. И управувањето со ваквиот предизвик не може да се остави само на земјите од првите редови, на надворешните граници на Европа. Потребна ни е нова политика за миграцијата, идентификацијата, доделувањето азил, преместувањето и враќањето, истакна грчкиот премиер и додаде дека со интерес ги очекуваат предлозите на ЕК за новиот европски договор за миграција и азил.

Во однос на Источниот Медитеран, Мицотакис рече дека и за конкретното прашање имаат исти позиции со Мишел, додавајќи дека однесувањето на Анкара кон земји- членки на Унијата ќе има влијание и врз европско- турските односи.

Објасни дека деескалацијата од Турција, треба да има континуитет и повтори дека Грција е подготвена да разговара, врз основа на меѓународното право и за единствената разлика – одредување на Ексклузивната економска зона.

Мишел објасни дека следниот Самит на ЕУ ќе биде посветен на ситуацијата во Источниот Медитеран и односите на Унијата со Турција.

-Постои прашањето за безбедноста, стабилноста во Медитеранот и ова не е поврзано само со Грција и Кипар, туку со Европа во целост, рече претседателот на Европскиот совет и додаде дека е потребно Европа е солидарна со Грција, а треба да се работи врз основа на два методи, строгост кога нема почитување на принципите, но и отвореност доколку постои добра волја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот