Мицотакис – Хафтар: Потребно е политичко решение за либиската криза

Ситуацијата во Либија, стабилноста и безбедноста во поширокиот регион на Источниот Медитеран, меморандумите на Либија и Турција биле темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на Либиската национална војска Халифа Хафтар на нивната денешна средба, според грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја истакнал потребата да се изнајде политичко решение за либиската криза и го поттикнал Хафтар да заземе конструктивен став на конференцијата во недела во Берлин и потенцирал дека прекинот на огнот е неопходен прв чекор за враќање на безбедноста.

-Со лидерот на Либиската национална војска Халифа Хафтар разговаравме за ситуацијата во Либија. Многу е позитивен јасниот став на господинот Хафтар за невалидноста на меморандумот Сараџ – Турција и неговата заложба за демаркација на морските зони со Грција, напиша на „Твитер” грчкиот премиер, по средбата со Хафтар.

Прочитајте и...  „Блиц“: Советот на Европа го дематираше Ѓукановиќ за Законот за вероисповед

Лидерот на Либиската национална војска, според грчките владини извори, рекол дека и двата меморандуми Сараџ – Турција се невалидни, бидејќи тие се спротивни на меѓународното право, но исто така потпишани од владата која немаше правно овластување да го стори тоа.

Хафтар се осврнал и на контрапродуктивната улога која ја играат надворешните интервенции во неговата земја и оценил дека треба да се остави либискиот народ да одлучи за неговата иднина преку национален состанок, без исклучоци.

Пред средбата со грчкиот премиер, лидерот на Либиската национална војска, кој доцна синоќа допатува во Атина, се сретна со министерот за надворешни работи на Грција.

Прочитај повеќе

Путин прифати на 22 април да се гласа на референдумот за уставни измени

МИА Агенција

Стотина гости во хотел во Шпанија остануваат во изолација поради коронавирусот

Слободен печат

Детската клиника во Скопје ги забрани посетите на малите пациенти

Слободен печат

Дали демократските конкуренти и Трамп ја лоцираа „слабата точка“ на Сандерс?

Слободен печат

Ципрас: Не можеш да бараш солидарност од ЕУ, а да не покажуваш солидарност и поддршка кон грчките острови

Слободен печат

Македонците започнаа да ги празнат продавниците (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Сите здравствени установи во Грција ги отповикаа вработените од редовите отсуства

МИА Агенција

ССМ апелира за почитување на препораките за заштита од коронавирусот

МИА Агенција

Трет заразен со коронавирус во Хрватска: Маж кој работи во Парма е хоспитализиран во Риека

Слободен печат

Хрватски научник од СЗО: Потребна е претпазливост, но никако паника за коронавирусот

МИА Агенција

Фејсбук ќе забрани реклами за лекови или за превенција од новиот коронавирус

Слободен печат

Без струја утре делови од Центар и Кисела Вода

МИА Агенција