Мицотакис: Грција нема да толерира нелегални влегувања во земјата

Фото: МИА

Сакам да бидам јасен: никакви нелегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност, напиша на Твитер грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за обидот бегалци и мигранти од Турција, преку Еврос, да влезат во Грција и додава дека земјата нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од други, јави дописничката на МИА од Атина.

– Значителен број мигранти и бегалци во големи групи се собраа на грчко – турската копнена граница и се обидоа, нелегално, да влезат во земјата. Сакам да бидам јасен: никакви илегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност. Грција не сноси никаква одговорност за трагичните настани во Сирија и нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од другите. За ситуацијата ја информирав Европската унија – напиша Мицотакис

Граничниот премин кај Еврос, од претпладнево е затворен, а според турските и грчките медиуми, од страна на Турција насобрани се мигранти и бегалци со намера да влезат во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот