Мицотакис ги повика пратениците и министрите на Нова демократија следните два месеци да земаат половина од платата

Фото: МИА

Во една симболична иницијатива, ги повикувам сите пратеници на Нова демократија, како и министрите и замениците -министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со коронавирусот, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален „Фејсбук” профил, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис вели дека политичкиот свет од земјата треба да биде во првите редови на солидарноста.

-Пред здравствената закана сите сме еднакви. Но, во борбата со неа, секој е должен да понуди според своите сили. Сигурен сум дека оваа опција ќе ја следат и другите партии, напиша грчкиот Премиер.

Средствата од платите ќе бидат ставени на специјална сметка наменета за Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот