Мицотакис: Договорот со Египет е национален успех, што затвора 15-годишно нерешено прашање

Станува збор за национален успех, што затвора 15-годишно нерешено прашање, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за договорот што Грција вчера го потпиша со Египет за одредување на Ексклузивната економска зона, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека конкретниот договор испраќа јасна порака дека „кога дипломатија функционира врз основа на меѓународното право носи резултати”.

-Вчерашната значајна разврска несомнено става печат на мир, стабилност, но и легитимитет во поширокиот регион. Во исто време им служи на нашите цврсти национални стремежи, бидејќи овој договор, како и договорот што го потпишавме со Италија е заснован врз морското право, потпишан помеѓу две легитимни влади. Признава континентален гребен на нашите острови и суверени права во морските зони. И, секако, во пракса ги поништува нелегалните договори, како оној меѓу Турција и администрацијата на Триполи во Либија, рече Мицотакис.

Договорот меѓу Грција и Египет за Ексклузивната економска зона вчера во Каиро го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот