3 C
Скопје

Мицотакис до НАТО: ДА за дијалог со Турција, инаку одиме во Хаг!

Поздравувајќи го отворањето на 66. Годишна сесија на парламентарното собрание на НАТО, коешто годинава се одвива онлајн од 18-22 ноември, премиерот ја повтори својата посветеност на одржување искрен и отворен дијалог со Турција.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, обраќајќи се на отворањето на 66. Годишна сесија на парламентарното собрание на НАТО, подвлече дека очекува Анкара да покаже дух на реципроцитет и повтори дека „ако нашите повици останат неодговорени, тогаш ќе биде неизбежно Европската Унија да преземе мерки за зачувување на нејзините стратешки интереси и интересите на државите“.

Тој додаде дека Грција прифатила безбедносни предизвици, кои всушност го нарушуваат единството на НАТО и дека во 2020 година овој принцип беше сериозно тестиран поради турските предизвици и нејзините еднострани активности.

„Како што реков многупати оваа година, Грција и Турција треба да разговараат и – ако не се согласиме – тогаш треба да ги решиме споровите со жалба до Меѓународниот суд и да оставиме да владее правото“, рече Мицотакис.

Прочитајте и...  „Тајмс" со објава: Олимписките игри во Токио ќе бидат одложени поради ковид-19

Премиерот, сепак, зборуваше и за прашањето на рускиот ракетен систем С-400 (испорачан на Турција на почетокот од годинава), велејќи дека „сојузниците не можат да ги игнорираат геополитичките импликации на нивните политики и активности, особено кога тие имаат директно влијание врз целокупната безбедност и кохезија на Алијансата“. Особено, изјави Мицотакис, „сојузниците не можат да соработуваат со џихадистички групи. Тие не можат да тестираат С-400“.

Овие практики ги поткопуваат вредностите на НАТО и ја поткопуваат солидарноста, кохезијата, единството и ефективноста на НАТО, како политичка и воена организација и се спротивни на сопствените цели и одбранбените интереси на Алијансата“.„Па, која би можела да биде новата верзија на НАТО?“ Премиерот забележа дека пандемијата со ковид-19 „нè научи на вредноста на знаењето, на соработката и на ширењето информации и знаење“, а покрај тоа, пандемијата ја истакна важноста на инвестирањето во новите технологии.„Поуката за НАТО е дека соработката мора да биде подеднакво отворена и прилагодлива. Ние мора да работиме заедно со оние кои ги споделуваат вредностите на Алијансата и со оние кои можат да ни помогнат да одговориме на безбедносните предизвици, кои постојано се појавуваат надвор од границите на НАТО. Ова значи поголема соработка со земји како Индија, за решавање на безбедносните предизвици во Азија“, рече г. Мицотакис. Тој предложи градење нови партнерства, кога конфликтот во Сирија и Либија продолжува да ја загрозува стабилноста. Предложи зголемување на соработката со партнерите во Африка, Блискиот Исток и земјите од Заливот. Во однос на Русија и Кина, г. Мицотакис рече дека „треба да останеме отворени за можноста за значаен дијалог, но во исто време да продолжиме да се вклучиме во колективна одбрана и безбедност“, истовремено поздравувајќи ја заложбата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, за Алијансата и нејзината посветеност на безбедноста во Европа.

Прочитајте и...  Реакција на ЕК на заканите на Харадинај со „Голема Албанија“: Политичките лидери на Западен Балкан да промовираат соработка

Преземено од „Ефемерида тон Синктактон“ од Атина

Поврзани вести

Советот на Општина Центар избра: Љупчо Ѓурчиновски нов командир на ПС „Центар”

Слободен печат

Пандемијата ја обои Европа во „50 нијанси црвено“, темноцрвените зони се најлоши

И.И.

Менаџерскиот тим одлучи да нема отпуштање: Вработените во кочански „Пејпар мил” на принуден одмор до април и со 30 отсто помали плати

Слободен печат

ЦЈЗ Охрид: Водата во Струга е исправна за пиење

Слободен печат

Почина актерот Љупчо Тодоровски-Упа

Слободен печат

Свеченост во Владата: Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар