Мицотакис денеска на средба со Меркел

Привлекување директни странски инвестиции, презентација на претставувањето на владиниот план за реформи и развојните активности на Грција во текот за следната деценија (2020-2030) кои ќе се прошират меѓу другото и во секторите животна средина и енергетика, според грчки владини извори е целата на посетата на Кирјакос Мицотакис на Берлин и денешната средба со Ангела Меркел, jави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер и германската канцеларка ќе разговараат и за прашањата што се однесуваат на сегашноста и иднината на Европа, како што се безбедноста и соработката во југоисточна Европа и улогата на Грција во соседството и ЕУ, а ќе стане збор и за конкретни теми како што се грчко – германските економски контакти, мигрантското прашање и односите со Турција.

Според истите извори посетата на Мицотакис на Берлин и средбата со Меркел ќе бидат првата страница од новото поглавје.

Премиерот на Грција ќе оствари средба и со заменикот канцелар и министер за финансии Олаф Шолц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот