Мицотакис бара од ЕУ поголема финансиска помош за Турција за мигрантите

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска побара од Европската унија да ја зголеми финансиската помош за Турција за да и помогне да се справи со приливот на мигранти.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги протера бегалците доколку меѓународната заедница не ја зголеми финансиската помош. Повеќе од 3,6 милиони Сиријци се во Турција.

– За мене е многу јасно дека ни треба нов договор, рече Мицотакис во Њујорк, обраќајќи се воИстражувачкиот центар на Советот за надворешни односи.

Во 2016 година, ЕУ вети дека ќе и даде на Турција околу шест милијарди евра за подобро да се справи со приливот на мигранти кои минуваат преку нејзината територија на патот кон Западна или Северна Европа.

– Договорот е подложен на „силен притисок“, рече Мицотакис, кој во средата разговараше со Ердоган на маргините на годишната седница на Генералното собрание на ООН.

– Турција треба да се обврзе на почитување на договорот, а ЕУ треба да признае дека Турција прими неколку милиони бегалци и затоа треба да добие дополнителна финансиска помош за следните години, рече грчкиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот