Мицотакис: Анти-ковид вакцини во Грција од 26 декември, ден подоцна и првите дози во пет болници во Атина

Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Очекуваме дека првите пратки од анти-ковид вакцината во нашата земја ќе стигнат на 26 декември и од следниот ден ќе може да почнеме со првите вакцинации во пет болници во Атина, а веднаш потоа и во Солун, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од работниот состанок за националниот план за вакцинација и откри дека први ќе се вакцинираат една медицинска сестра и еден повозрасен граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека согласно препораките од Националната комисија за вакцинација, ќе има строг приоритет во однос на тоа кои граѓани први ќе бидат вакцинирани.

Здравствените работници се први на листата, заедно со лицата згрижени во домовите за стари лица, потоа ќе следат граѓаните над 65 години, кои според Мицотакис се околу 2,4 милиони.

Грчкиот премиер повтори дека лидерите на политичките партии и политичарите ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат „за на тој начин да ја покажат доверба во науката”, но и истакна дека со почетокот на вакцинацијата, нема да заврши пандемијата и уште еднаш упати апел до граѓаните, особено за празниците, да бидат двојно повнимателни и да ги почитуваат мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот