Мицковски: Три години ги преспаа, сега бараат измени во изборниот модел

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

На три месеци до изборите не може да се менува изборниот модел во една изборна единица и отворени листи, бидејќи тоа не е според стандардите на ОБСЕ, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тој тврди дека со СДСМ биле договорени разговори на оваа тема да бидат отворени по предвремените парламентарни избори. Според опозицискиот лидер власта не си го одржала својот збор и затоа поради партискиот интерес ја започнале целата процедура за законите.

-Три години ги преспаа, имавме декаденција, разочарување, криминал и корупција и денеска одеднаш Владата на Заев стана како Уесин Болт, ни лиферува по стотици закони. Мислат дека народот ќе им заборави за се, и дека сега на изборите ќе заокружат за Зоран Заев“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на дешената прес конференција.

Според Мицковски во македонскиот парламент има 23 партии, а како за пример во германскиот има петнаесеттина. Во европа нема зборен модел со отворени листи, освен на Косово, каде и ден денес сеуште не можат да ги пребројат изборните ливчиња, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на СДСМ со законот за една изборна единица и отоврени листи е да се замајува јавнота.
„Наместо вие да ме прашувате за „Рекет1“, „Рекет 2“, “Инсулин“ вие зборувате за една изборна единица. Суштината е како да дојдеме до вистинските сценаристи на криминалот и корупциајта. Сега изборнито модел не може да се измени, но по изборите треба да седнеме и да разговараме“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот