Мицкоски не дојде во полиција да даде исказ за случајот „Боемска улица“

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска, иако уредно поканет од МВР уште во четвртокот, не дојде во полициската станица „Беко“ да даде исказ за случајот „Боемска улица“.

Како што дознаваме од полициски извори, Мицкоски лично ја примил поканата во четвртокот. Но, наместо него, велат нашите соговорници, во станица денеска се појавила неговата адвокатка која изјавила дека нејзиниот клиент е службено спречен да дојде и да даде исказ.

На почетокот на овој месец кога кафеана во Дебар Маало, поточно на „Боемска улица“, при увид на инспектори од Државниот пазарен инспекторат со часови не им беше дозволено да извршат контрола во кафеаната каде што гости биле Мицкоски и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски.

Тогаш Мицкоски беше забележан како седи во внатрешноста на објектот, спротивно на мерките за заштита од коронавирусот, а подоцна во изјава за медиумите тој призна дека седел во кафеаната и рече дека не бил доволно запознаен со новите протоколи воведени во Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот