Мицкоски: Зоран Заев ќе одговараш, запамети ги овие зборови

Фото: Слободен печат

Мора да има одговорност. За мене лично и за мојата партија ова е битка на принципи, рече Мицкоски.

Денес го слушам Заев вели ќе правел марш за правдата, каква хипокризија и лицемиерие. Предводникот на неправдата овие три години ќе прави марш за правдата или во реалност марш за спас на милионите на Вицето, марш за спас на плантажите од марихуана на неговите роднини, марш за спас на Заев од Рекет, марш за спас на убијците кои ги пуштија на слобода овие три години, рече на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Патеката по која утре ќе чекорат е истата по која ќе си заминат после 12-ти април. Но, има една работа со која ќе се согласам, а тоа е она кога вели Заев дека одговорност мора да има. Одговорност ќе има и ти Зоран Заев ќе одговараш. Ќе одговараш, запамети ги овие зборови. Мора да има одговорност. За мене лично и за мојата партија ова е битка на принципи. И мојата визија за Македонија почива на три фундаменти. Прво, чесност и честитост по која работам. Второ, работа која мора да донесе резултати. И трето, одговорност, запамтете го ова добро, одговорност, зошто мора правда, правда за секого без оглед на политичката припадноста или политичка неприпадност, без оглед на името,без оглед кој со кого е близок- рече Мицкоски.

Мора Македонија да сврти нов лист, потенцираше Мицкоски, нов почеток преку кој ќе ги поразиме оние кои ни носат порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот