Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Според него, ако имаат можност да направат влада, на маса ќе биде Македонија и додаде дека секој што ќе заокружи за листата на СДСМ, предводена од Љупчо Николовски гласа за разнебитување, за федерализација на Македонија.

Заврши времето на политичари елитисти, на скапи автомобили и фотелји, доаѓа времето на политичари кои ќе ги засукаат ракавите и заедно со народот ќе си ја обноват државата. Обновата е на 360 страници и тоа е читанка со која доаѓаме пред граѓаните, со повеќе од 1.000 проекти и над 1.000 решенија на проблемите, кои ќе почнеме да ги решаваме по 15 јули, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вешерашната трибина на коалицијата „За обнова на Македонија” во Крива Паланка.

Тој истакна дека обновата е 25 отсто повисоки плати, 20 отсто повисоки пензии и враќање на старото законско решение за два пати годишно зголемување на пензиите.

– Обновата е најнизок данок во Европа од осум проценти и нула отсто данок на личен доход за вработување лица помлади од 29 години, еден универзитет во еден мандат, реформи во здравството, образованието, правосудството. Обновата се 160.000.000 евра субвенции за земјоделците и 50 отсто субвенции за фасади со проектот како до топол дом, но и бесплатен приклучок за гас, рече Мицковски.

Тој рече дека матрицата на СДСМ ја карактеризираат четири чекори.

– Првиот чекор е секогаш предизборна лага, претпоставувам и сега го правеа тоа пред вас, вториот чекор, ако по некоја случајност успеат да направат влада, а не победиле 18 години, но ако и по некоја случајност да направат влада следи национално понижување и срам, третиот чекор, грабеж и криминал, и на крај четвртиот, заробено обвинителство и судство, обвинителство за пресметка со политичкиот противник, а судството за да донесе некоја трас-трас одлука за да се амнестираат – нагласи Мицкоски.

Според него, ако имаат можност да направат влада, на маса ќе биде Македонија и додаде дека секој што ќе заокружи за листата на СДСМ, предводена од Љупчо Николовски гласа за разнебитување, за федерализација на Македонија.

Пред кривопаланчани говореше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 3, Игор Јанушев според кого правдата за сите злодела на СДСМ направени изминатите три години стигнува од 15 јули.

– Правдата ќе ги стигне за сите злодела што ги направија. Велат дека можат, јас би рекол можеа и да покажаа дека можат да лажат, дека можат повеќе криминал, ќе го донесеа и Гугл и Фејсбук но мислам и тоа дека беше дело на некои пранкери. Затоа на 15 јули ќе ги пратиме во историјата сите погрешни политичари и сите погрешни политики – рече Јанушев.

Јанушев на Кривопаланчани им ја претстави програмата „проект-обнова” со која вети експресен пат Куманово-Ранковце-Крива Паланка-Деве Баир и рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се обврзуваат пругата Бељаковце –Крива Паланка да се изгарди во нареднито мандат, како и да се набават нови –современи возови со кои граѓаниет ќе патуваат по истата.

Пред Кривопаланчани се обрати и кандидатот за пратеник од оваа општина од коалицијата „Обнова за Македонија”, Анри Андоновски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот