Мицкоски: Законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните, туку за надлежностите и процедурите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил ја коментираше денешната статистика од 640 новозаразени и 12 починати лица со коронавирусот.

-Законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните, туку за надлежностите и процедурите. Но, не ја испуштија можноста да посочат виновници и направат политика. И додека се чека 27-ми, кога и е на дневен ред законот, фали уште и луѓе да умираат по улици, бидејќи здравствениот систем е трул, не е ефикасен и е пренатрупан. Бог нека ја чува Македонија. Очигледно владата тоа не го може одамна- напиша Мицкоски.

640 новозаразени и дури 12 починати. А законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните туку за…

Publiée par Hristijan Mickoski sur Jeudi 22 octobre 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот