Мицкоски: Законот за ЈО ги штити криминалните структури од СДСМ

Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараа, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид порача дека предлогот за закон за јавно обвинителство е неприфатлив за нив, и доколку СДСМ сака лидерска средба и договор тогаш треба според него, да се понуди реформски закон.

-Законот за јавно обвинителство многу пати во минатото беше коментиран. Работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба. Често пати во јавноста сме ги кажувале нашите ставови и тука нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција после 12 април. Така што ако треба да се одржи средба колку ради реда, јас навистина ниту имам намера да го губам времето на граѓаните- рече Мицкоски.

Прочитајте и...  Дезинфекција и генерално чистење во тетовските училишта

Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараа, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба. Ќе ве потсетам што му претходеше насоки од страна на личниот адвокат на господинот Заев врз државниот јавен обвинител, потоа едно контроверзно писмо од страна на притвореничката Јанева со која што сите предмети кои што се во судски процедури но, и оние кои што се во предистрага и истрага на криминален и незаконски начин се префрлија во судовите и она што за нас како ВМРО ДПМНЕ е најголем проблем еве веќе втора година по ред е тоа што на нелегален, незаконски начин е замрзнат имотот на партијата на 85 дена пред предвремените парламентарни избори- рече тој.

Прочитајте и...  Коалицијата помеѓу СДСМ и Беса ја разбранува ДУИ

И покрај целокупната злоупотреба со државните средства, со буџетот, вештачките вработувања по три вработувања партиски на едно работно место, ВМРО ДПМНЕ влегува во овие парламентарни избори со замрзнат имот. Но, ние веруваме во мудроста на народот, веруваме во народот тоа е она кое што нас не мотивира и јас сум убеден дека и покрај сите предизвици, и покрај сето ова насилие кое што го прави Владата, и покрај сите опструкции на техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе издвојува убедливо најголема историска победа на 12-ти април.

Така што, доколку сакаат да разговараат уште еднаш за Законот за Јавно обвинителство, тогаш најпрвин треба изготват реформски закон, закон кој што е вистински, европски закон. Да ги доближат ставовите групите кои што преговараат, па дури потоа може да зборуваме за евентуална лидерска средба, рече Мицкоски

Прочитајте и...  Косовската Влада во зимски центар на Шара ќе расправа за владината програма

Прочитај повеќе

Катар го потврди првиот случај на коронавирус

Слободен печат

Борисов: Не постои закана од нов миграциски бран за Бугарија

Слободен печат

Пациентката која утрово се јави на Инфективна нема коронавирус

Слободен печат

Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на Слободни граѓани ја објавија коалицијата за претстојните избори

Слободен печат

Двојно зголемен буџет и нови шест лекови за пациентите со ретки боелсти

Слободен печат

Заев: Со успешни политики ја кренавме економијата и ја поставивме на стабилни и реални основи

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дезинфекција и генерално чистење во тетовските училишта

Слободен печат

Димковски: Има заинтерсирана компанија од Турција за новата реколта тутун

Слободен печат

Димковски: Откупот на тутунот заврши, постигната е досега најголема просечна откупна цена

Слободен печат

Социолозите бараат да се сменат учебниците: Веќе не ги задоволуваат образовните потреби и барања

Слободен печат

Украинскиот премиер Хончарук повторно поднесе оставка

Слободен печат

Грчко вето во НАТО за заедничкото соопштение за поддршката на Турција

Слободен печат