Мицкоски закасни кај Пендаровски и си го заборави тефтерчето (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети
Во вила Водно кај претседателот на државата Стево Пендаровски пристигнаа лидерите на најголемите парламентарни партии.
Прв на Водно стаса лидерот на ДУИ, Али Ахмети, па Билал Касами на Беса, Зијадин Села на Алијанса на Албанците, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, иако не беше напишан на листата на поканети на соопштението од Кабинетот на Пендаровски, петтиот пристигна лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Со осум минутно доцнење на Водно пристигна и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој сепак се врати назад во автомобилот бидејќи си го заборави тефтерчето и мобилниот телефон.
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот