Мицкоски: Заев јавно да каже што содржи документот што се преговара со Бучковски

Го повикувам јавно Заев да каже што содржи документот што се преговара со Бучковски и зошто тој се крие од јавноста, објави на својот фејсбук профил лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој дополнува дека е неодговорно да се врши национално предавство и да се преговара за историјата и јазикот.

-Зоран Заев денес вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите кои ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик.
Да, сметам дека е одговорно да се борам за националните интереси, секогаш и секаде. Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и нашата посебност, рушејќи ги сите можни преговарачки позиции. Сето она што Заев го зборуваше во интервјуто на БГНЕС е тоа што сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот кој се преговара.
Двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции. Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува.
И на крај, повикувам јавно Заев да каже што содржи документот кој се преговара од двоецот Заев-Бучковски и зошто тој се крие од јавноста?
Доста е! Се работи за Македонија!
Видео на денот