Мицкоски за Вечерњи.хр: Заев му даде аргумент на Макрон да ги блокира македонските евроинтеграции

Во разговор за Вечерњи.хр лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не смета дека ЕУ донела неправедна одлука за одложување на датумот за почетокот на преговорите со Македонија, туку таа одлука ја смета за последица на тригодишната катастрофална политика на премиерот Зоран Заев.

Во разговорот Мицкоски вели дека Заев ќе влезе во историјата на Македонија како најнегативната личност во овие 28 години, како и дека за него референдумот од 1991 година е единствениот важечки.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека активниот проблем во нашето општество е криминалот, корупцијата и политичкиот притисок на судиите и обвинителите и заради тоа и Макрон го спречил отворањето на преговори со нашата држава.

Целото интервју прочитајте го тука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот