Мицкоски за 100 дена Влада: Заев остави повеќе од 50.000 луѓе на улица, економијата е во рецесија и имаме историско најголемо задолжување

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод 100 дена од старо-новата влада на СДСМ и Зоран Заев истакна дека овие 100 дена се продолжување на низата која трае 4 долги години на промашување, криминал и силни неуспеси.

Во делот на економијата, претседателот Мицкоски рече дека повеќе од 50.000 граѓани останале на улица, а македонската економија е во рецесија, како и дека има историско највисоко ниво на задолжување.

– Загубите кои оваа влада ги донесе се пад од речиси 6 отсто на економијата во трите први квартали од почетокот на годината заклучно со третиот квартал, месец септември. Историски најголемо задолжување на државата, за само еден квартал повеќе од 1 милијарда евра. Буџетска дупка која што на крајот на годината ќе изнесува повеќе 750 милиони евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од речиси 61 отсто. Имаме поголем пад на бруто инвестициите од воениот конфликт од 2001 година. Реален пад на бруто инвестициите во три квартали од 8,8 отсто на годишна основа. Нема капитални инвестиции. Нема ниту 60 отсто искористеност од втор ребаланс за капитални инвестиции, а од првиот буџет реализација е отприлика 45-46 отсто. Зборувам во првите 11 месеци, до крајот на годината може да се помести за некој процент, вели Мицкоски. 

– Наместо привлекување имаме нето одлив на странски инвестиции и тука сме убедливо најниски во регионот и во Европа. Ги нема ниту оние 5 странски инвестиции кои што Зоран Заев ги ветуваше при нашето последно соочување и дебата на Македонската телевизија пред изборите, додаде лидерот на опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот