Мицкоски во традиционална посета на манастирот на Попова Шапка

Фото: Фејсбук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска традиционално беше во посета на манастирот на Попова Шапка, каде се чествува празникот и делото на Св. Наум Охридски.

– Неговото дело ни го покажува патот дека со истрајност, добрина и работа се стига до резултати и остварување на целите. Денес Македонија одново се наоѓа на крстопат каде се носи одлука за нејзината иднина. Од оваа одлука зависи дали ќе се поддржат поделбите, криминалот, корупцијата, рекетите, или правдата, принципите, промените кои ќе донесат обнова. Нема друга влада како оваа денес која толку силно е заплеткана во милионски рекет, и толку многу нејзиното водство е вклучено во криминал. За жал тие кои го правеле тој милионски рекет, денес водат држава, и тоа не смее да се дозволи повеќе, објави Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

Според него, таквите контаминирани луѓе со криминал и рекет треба да си заминат од политиката и нормално да се соочат со нивната одговорност.

– 12 април е денот кога се решава за многу работи, а јас верувам во граѓаните на Македонија и фактот дека ќе ги поразат сите неуспеси и оние кои и носат порази на нашата земја, наведува Мицкоски на неговиот фб профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот