Мицкоски: Во обновата на ВМРО-ДПМНЕ има минумум 20 отсто повисоки пензии од тоа што е денеска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Струга каде што истакна дека  благодарение на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, денеска Македонија бележиме рекорди по број на заболени и луѓе кои за жал го губат својот живот и токму затоа сега е најпотребно заедно сите да се исправиме бидејќи само така можеме да ја обновиме Македонија од руината која СДСМ ќе ја остави.

Мицкоски пред стружани потенцираше дека во петтата Изборна Единица изборот е јасен, помеѓу Дурловски човек кој е почитуван во целиот свет и покажа и докажа колку се сака Македонија и од друга страна Шекеринска која велеше дека некои прашања не заслужуваат одговор и е човек од времето на транзицијата до денеска донесе многу неправди, пред се во Струга.

– Изборот е јасен, нема дилема.  После 15 јули да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија од руината која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ќе ни ја остават. Денеска го слушам Зоран Заев, вели ќе ја обновеле Македонија, ние една година велиме дека ни треба обнова на Македонија, а нему денеска му текна, дека навистина требало. Прв пат ќе се сложам со Зоран Заев, навистина треба обнова, но тоа нема да го амнестира  од сето разурнување, од сиот срам кој заедно со СДСМ го нанесоа на Македонија и на граѓаните изминативе три години. Имаме тригодишна пандемија наречена СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски

Тој изјави дека кога СДСМ и Заев ќе викаат дека можат треба да зборуваат во минато време дека можеле како што можеа да не го продадат достоинството и честа на Македонија и граѓаните, но истите ги распродадоа за пуста власт и пусти пари.

Мицкоски додаде дека во обновата на ВМРО-ДПМНЕ има минумум 20% повисоки пензии од тоа што е денеска. од 8 до 12 милиони во спортот, од 8 до 12 милиони евра годишно назад во културата, од 8 до 12 милиони евра за реновирање на училишта, за најмалку еден универзитет на Шангајската листа, за реновирани студенски домови.

Но за тоа да се случи Мицкоски истакна дека потребна е масовност на изборите, да ја одбереме обновата на ВМРО-ДППМНЕ за да можеме да ја исправиме Македонија и да имаме држава која ќе биде пример на Балканот изградена за нашите наследници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот